Connect with us

Киелини: Роналдо требаше порано да си замине од Јувентус

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини, смета дека Кристијано Роналдо требало порано да го напушти клубот.


Португалецот летово одлучи да ја промени средината по три години поминати во Торино. Дојде со цел да го подигне Јувентус на уште повисоко ниво и да стигне до трофеј во Лигата на шампионите, но „старата дама“ не успеа. Згора на тоа, минатата сезона беа симнати од тронот во Италија.

Еден од најискусните играчи на „старата дама“, легендата на клубот Џорџо Киелини изјави дека врската меѓу Јувентус и Роналдо требала да заврши многу порано.

„Роналдо го напушти клубот на 28 август, ќе беше подобро за нас да заминеше порано. Ние плативме за тоа. Бевме во мал шок, плативме поени. Ако тој заминеше порано, ќе ни беше доволно време за подготовка“, изјави освојувач на Европското првенство со „аѕурите“.

Роналдо потпиша тригодишна соработка со Манчестер Јунајтед, а Јувентус ќе добие 15 милиони евра како компензација, на три еднакви рати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови