Connect with us

Киелини испиша историја на европските првенства

Џорџo Киелини испиша историја на европските првенства во победата на Италија над Шпанија по пенали во полуфиналната пресметка на ЕВРО. Тој стана единствениот фудбалер во историјата кој на европските првенства петпати играл против иста репрезентација.


Киелини првпат против Шпанија играше на ЕВРО 2008 година, кога Италија беше поразена во четвртфиналето. Потоа на ЕВРО 2012 играше во ремито на двете селекции, а потоа и во финалето кога Шпанија победи со 4-0.
На ЕВРО 2016 и на ЕВРО 2020, Киелини дочека можност за елиминација на Шпанија.


Дефанзивецот синоќа го запиша 110. настап за Италија, предводејќи ја како капитен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови