Connect with us

Киелини го избра неговиот наследник во Јувентус

Џорџо Кјелини, капитенот на Јувентус, наскоро ќе се пензионира. На крајот на оваа сезона, дефанзивецот на „старата дама“ и италијанската репрезентација ќе ги закачи копачките и ќе ја преземе нова функција во Јувентус.


Сепак, додека не дојде тој момент, Киелини помага да се најде соодветна замена за него во одбранбената линија на „бјанконерите“.

Неговиот избор е Мануел Аканџи, стоперот на Борусија Дортмунд. Германскиот клуб бара 30 милиони евра за неговите услуги.

„Аканџи ме заинтригира уште од неговото појавување на теренот. Доаѓа во своите најдобри години и допрва треба да се развива до крај. За него, место во Јувентус се отвора кога ќе се пензионирам“, изјави Киелини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови