Connect with us

Кевин Стротман останува во Италија, го менува тимот

Холандскиот интернационалец Кевин Стротман ќе остане во Серија А и следната сезона ќе го носи дресот на Калјари. Играчот за врска синоќа слета на Сардинија, а во текот на денешниот ден се очекува официјализирање на соработката со Калјари.


Стротман ќе пристигне во Калјари на позајмица од Олимпик Марсеј, каде нема место во почетниот состав, а последните шест месеви ги помина на позајмица во Џенова заедно со Горан Пандев.


Претходно играше за Рома, ПСВ, Спарта и за Утрехт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови