
Кевин – Принс Боатенг се откажа од својот брат Џером кој беше казнет со 1,8 милиони евра за физички напад над својата девојка.
Џером вчера се појави пред судот во Минхен под обвинение дека физички ја нападнал поранешната девојка Шерин Сенлер. 33-годишниот дефанзивец избегна затвор, но ќе мора да плати казна од 1,8 милиони евра.
Но, го загуби и братот. Неговиот брат Кевин-Принс повеќе не сака да има ништо со Џером. Тој го потврди ова во интервју за „Билд“.
„Одамна се дистанцирав од него. Го почитувам германскиот закон и го презирам насилството врз жените. Не ги поддржувам неговите постапки и веќе немам ништо со него“, изјави Кевин – Принс Боатенг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
