Играчот од средниот ред на англискиот шампион Манчестер Сити, Кевин де Бруин, би можел да го напушти клубот, пренесува „Football Insider“.
„Граѓаните“ би можеле да бидат принудени да не го продолжат договорот со 32-годишниот Белгиец доколку играчот продолжи да се соочува со чести повреди. Актуелниот договор на Де Бруин е до летото 2025 година.
Де Бруин одигра само два натпревари оваа сезона, заработи повреда во првото коло од новата сезона во Премиер – лигата. Отсуството на белгискиот интернационалец влијае на перформансите на составот предводен од Пеп Гвардиола.
Во негово отсуство, креативноста на Сити во играта е далеку поограничена. Во Манчестер Сити дури веќе работат на изнаоѓање замена за да ја донесат толку посакуваната позитивна промена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













