
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн постигна два гола во победата од 3-0 над Лацио во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Англичанецот му помогна на својот тим да се пласира во следната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, откако на првата средба во Рим загуби со 0-1.
„Тоа беше голем натпревар, особено откако го загубивме првиот дуел. Моравме да одиме напред. Игравме навистина добро, дефинитивно врвна изведба од сите“, започна Хари Кејн.
„За првиот гол беше важно само да бидам во шеснаесетникот, а за вториот бев добро поставен и успеав да постигнам гол со левата нога“, додаде тој.
„Ние имаме наши обврски како фудбалери да се бориме за секој трофеј во Баерн Минхен. Оваа победа може да ни ја промени сезоната“, смета напаѓачот на Баварците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal