
Англискиот напаѓач Хари Кејн нема намера да се повлече од националниот тим по поразот во финалето на ЕВРО 2024 во Германија, пишуваат медиумите на Островот. Во решавачкиот натпревар од турнирот, Англичаните загубија од Шпанија со 1-2.
Шпанија заслужи рекордна европска титула, а Англија повторно се сопна на последната пречка.
Според англиските медиуми, капитенот Кејн не размислува да го напушти англискиот национален тим барем до Светското првенство 2026.
30-годишниот фудбалер веќе има шест загубени финалиња во својата кариера, две од нив на национално ниво, и сè уште нема освоено тимски трофеј. Тој има загубено европско финале не само со „трите лава“, туку и во 2019 година во дресот на Тотенхем загуби во решавачката битка против Ливерпул (0-2) во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal