
Англија го чува врвот на табелата во групата Ц откако вечерва ја победи Италија на „Вембли“ со 3-1. Иако Џанлука Скамака во 15.минута донесе предност за „аѕурите“, сепак, Хари Кејн израмни од пенал во 32.минута, по прекршокот над Белингам.
Во 57.минута Маркус Рашфорд се погрижи за пресврт, а Хари Кејн стави точка на триумфот со голот во 77.минута. Англичаните се веќе пласирани на ЕВРО 2024.
Украинците лесно ја добија Малта со 1-3 на гости, иако домаќинот поведе со голот на Мбонг во 15.минута. Сепак, Украина израмни со автоголот на Цамензули, а Довбик направи пресврт во 43.минута. Во финишот, Мудрик го потврди трумфот со голот во 85.минута.
Србија оствари важна победа (3-1) против Црна Гора. Александар Митровиќ во деветтата минута донесе водство за Србија, но израмни Стеван Јоветиќ во 36.минута.
Сепак, Митровиќ во 73.минута постигна втор гол, а Душан Тадиќ го потврди триумфот во 77.минута.
Данска на гости го победи Сан Марино со 1-2, а Словенија славеше на гости кај Северна Ирска со 0-1, со голот на Адам Гнезда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
