
Напаѓачот на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, призна дека би сакал да биде соиграч со Лионел Меси.
„Навистина би сакал да играм со Меси. Тој е еден од најдобрите играчи кои го претставуваат нашиот спорт. Сигурен сум дека ќе може да ми даде неколку асистенции за гол“, изјави Кејн за „ЕСПН“.
36-годишниот Меси стана светски шампион со селекцијата на Аргентина, и осумкратен освојувач на „Златната топка“.
Од минатото лето, аргентинскиот фудбалер настапува за Интер Мајами, додека Хари Кејн од Тотенхем се пресели во Баерн Минхен и има одлични настапи во дресот на германскиот шампион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
