
Кејлор Навас (37) го напушта францускиот гигант по пет години играње за ПСЖ. Трофејниот голман од Костарика забележа 113 настапи за тимот на Паиз, а сега е време за збогум.
„Благодарен сум за сите овие години во клубот“, изјави Кејлор Навас и потврди дека си заминува од ПСЖ.
Навас беше вториот голман на ПСЖ оваа сезона, зад Џанлуиџи Донарума, па 37-годишниот чувар на мрежата логично заклучи дека најдобро за неговата кариера е да го напушти „Паркот на принцовите“.
Тој е слободен да избере нов клуб, сѐ уште нема официјални понуди, но наводно е многу блиску до италијанската Серија А, каде има конкретен интерес од неколку клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
