Connect with us

„Ќе те убијам“, викал Ал – Келаифи на судиите и гаѓал по нив

Пари Сен Жермен доживеа тешка елиминација од Реал Мадрид откако загуби со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Францускиот тим имаше предност (1-0) од првиот меч во Париз, а Мбапе постигна гол и во првото полувреме во Мадрид. Но, во второто полувреме блесна Карим Бензема и со три гола го потопи ПСЖ.


Тоа не му се допадна на претседателот Насер Ал Келаифи, кој во придружба на спортскиот директор Леонардо, од ВИП ложата се симнал со судиската соблекувална. Го нападнал главниот судија со зборовите „Ќе те убијам“, а потоа и гаѓал кон нив.

Потврда за оваовој скандал со дополнително образложение пристигна и од УЕФА.

Европската Федерација го проследи судискиот записник од страна на главниот арбитар Макели, во кој е откриено како Ал Келаифи ги нападнал судиите и дошло и до физички контакт.

„Претседателот и директорот на ПСЖ демонстрираа агресивно однесување и се обидоа да влезат во судиската соба. Кога еден од судиите побара да се оддалечат, тие ја блокираа вратата и претседателот удри во едно од знаменцата на судијата и го скрши истото“, стои во официјалниот извештај на главниот судија Дани Макели.


За очекување е Ал – Келаифи и Леонардо да добијат големи казни од УЕФА за скандалозното однесување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови