
Еден од најпопуларните француски клубови – Лион, е казнет со административно исфрлање од Лига 1 во Лига 2 за следната сезона, како и со воведување ембарго за влезни трансфери и контрола врз вкупната сума за плати. Сепак, санкцијата може да биде избегната доколку до летото клубот значително ја подобри својата финансиска состојба. Ова е резултат на казна изречена од Француската комисија за финансиски мониторинг (DNCG).
Уште во изминатиот август, истата комисија одлучи дека Лион мора да оствари приходи од 100 милиони евра од трансфери за да избегне казна. Меѓутоа, тоа не се случи, а клубот дури ги зголеми своите долгови од 458 милиони евра на 508 милиони.
Ова укажува дека „лавовите“ ќе се обидат да продадат што е можно повеќе фудбалери.
Ситуацијата може да се поправи и на друг начин. Клубот е сопственост на Eagle Football Group – компанија која поседува и Ботафого, како и 45% од Кристал Палас. Ова овозможува во сметките да се вклучат дополнителни средства од можни продажби на играчи од бразилскиот или англискиот тим, како и од акции на споменатите клубови.
Лион е седумкратен шампион на Франција, а тимот ја има освоено и Купот на Франција пет пати. Оваа сезона, по 11 кола, тимот има 18 поени и се наоѓа на петтото место во табелата на Лига 1. Покрај тоа, клубот учествува и во Лига Европа, каде досега има освоено 7 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
