Connect with us

Ќе пропадне ли трансферот на Дембеле во ПСЖ?

Францускиот интернационалец Осман Дембеле деновиве беше во Париз каде се надеваше дека ќе го реализира трансферот од Барселона за 50 милиони евра, но тоа не се случи. Со денови чека Барселона и ПСЖ да се договорат, но Барселона како да ги игнорира „светците“.


Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, Французинот Oсман Дембеле, претходно ја одби профитабилната понуда од 100 милиони евра која му ја даде саудискиот клуб Ал-Хилал. Тогаш јасно стави до знаење дека сака да игра само за еден клуб, ПСЖ.

Дембеле на крајот мораше да се врати во Барселона и повторно да се приклучи на тимот, а таму го пречекаа навивачи пред тренинг кампот. Го поздравија, но иронично.

Сепак, преговорите меѓу ПСЖ и Барселона сѐ уште се во тек и се очекува трансферот на крајот да биде реализиран.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови