Англискиот првак Манчестер Сити испрати официјална понуда од 100 милиони фунти за потписот на фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш. Репрезентативецот на гордиот Албион е голема желба на менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, и понудата воопшто не е изненадување.
Астон Вила не сака да се раздели со својот најдобар фудбалер, особено откако направи неколку трансфери за да ги засили европските амбиции на тимот.
Раководството на клубот му понуди нов договор на Грилиш израмнувајќи ја понудата на Манчестер Сити од 200.000 фунти неделна плата. Но, шампионските амбиции на „граѓаните“ би можеле да бидат пресудни за тој да одлучи да се пресели на „Итихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













