Connect with us

Ќе има француско друштво: Гризман се сели во Лос Анџелес?

Фудбалскиот клуб Лос Анџелес, кој веќе ги има Оливие Жиру и Хуго Лорис, би можел да биде побогат за уште еден Французин. Станува збор за Антоан Гризман, фудбалер на Атлетико Мадрид кој веќе некое време е желба на клибот од Ел-Еј.

Овој 33-годишен фудбалер е под договор со Атлетико Мадрид до 2025 година, но тој самиот веќе изразил желба да игра во САД. Гризман веќе преговара со Лос Анџелес, а прашање е само дали ќе се пресели летово или следното лето.

Гризман има ослободителна клаузула која не е висока, околу 10 милиони евра, а доколку ја плати, Лос Анџелес би можел да го направи Гризман втор најплатен фудбалер во МЛС – лигата, веднаш по Лионел Меси.

Симеоне е еден од оние кои се за останување на Гризман, но Французинот можеби има други планови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови