Кавгата меѓу капитенот на Аталанта, Папу Гомез и тренерот Гасперини продолжува и понатаму. Јасно е дека работите нема да слегнат и дека одличниот офанзивец ќе мора да замине. Но, Аталанта за него бара отштета од 10 милиони евра.
Фудбалерот сака да замине бесплатно, со оглед дека тренерот нема веќе да смета на него. Сепак, така не мисли и Аталанта. Тој има договор до јуни 2022 година.
Папу Гомез е еден од најдобрите фудбалери во Серија А, а за него најголем интерес покажуваат Интер и Милан. И за него најреалнта опција е да се пресели во Милано, кој е во непосредна близина на Бергамо, каде сега живее неговото семејство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













