Единсон Кавани дефинитивно го напушта Манчестер Јунајтед ова лето, а би можел да направи сензационален трансфер. Медиумите на Островот откриваат дека тој е во преговори со Реал Мадрид за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
Уругваецот пристигна во Јунајтед пред речиси две години како слободен играч по заминувањето од ПСЖ, но на „Олд Трафорд“ имаше резервна улога со која сигурно не може да биде задоволен.
Во јануари се шпекулираше дека Кавани ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Барселона, но на крајот Манчестер Јунајтед не се согласи да го пушти и уругвајскиот напаѓач остана до крајот на сезоната.
Сега е сигурно дека Кавани ќе замине ова лето, а Реал Мадрид се вклучува во трката за него откако најверојатно ќе ја загуби трката за Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













