
Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани му ветил на Ралф Рангник дека ќе го исполни договорот со Манчестер Јунајтед, останувајќи во клубот до крајот на сезоната. Напаѓачот овој месец беше поврзуван со трансфер во Барселона или во Коринтијанс, но германскиот менаџер инсистира тој да остане на „Олд Трафорд“.
На крајот, Кавани му вети дека нема да си замине во зимскиот преоден рок, иако стартуваше на само четири натпревари од почетокот на сезоната.
„Му реков дека ако зависи од мене, сакам да остане. Имав разговор со него. Тој дојде во мојата канцеларија и разговаравме речиси половина час. Ми кажа дека сигурно останува до крајот на сезоната, бидејќи тоа е негова желба. Не само затоа што му реков дека мора да остане, туку затоа што тоа беше неговото внатрешно убедување. Ми рече дека можам да сметам на него, дека ќе даде се од себе и ќе биде пример за младите играчи. Дури и кога не игра, ќе се труди да биде најдобар модел. Ова е добра вест за мене“, изјави Рангник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
