Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд сака квалитетен и искусен напаѓач за стартот на новата сезона во Бундес-лигата. По заминувањето на Ерлинг Халанд, „милионерите“ го доведоа Себастиен Але од Ајакс како негова замена, но тој ќе мора да паузира одреден период од фудбалот откако му беше откриен канцер на тестисите.
Најновата опција за Борусија Дортмунд е Единсон Кавани. Контактот е остварен, Кавани би сакал да игра во Германија, а ќе треба да се договорат неговите лични услови. Кавани бара годишна плата од 10 милиони евра, што е малку повеќе од тоа што во моментот може да си дозволи германскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













