
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани во интервју за „Дарио Оле“ откри дека неговиот сегашен клуб, Бока Jуниорс, ќе биде последниот во неговата кариера. 37-годишниот напаѓач има договор со аргентинскиот гигант до декември 2026 година.
„Веќе кажав дека ќе ја завршам кариерата во Бока и мислам дека ќе ја почитувам тоа одлука“, изјави Кавани.
„Мораме добро да се подготвиме за 2025 година“ додаде тој.
Кавани ќе игра со Бока Јуниорс во новиот формат на Светското клупско првенство летово, каде што неговиот тим е во група со Баерн Минхен, Бенфика и со Оукленд од Нов Зеланд.
Во мај, Кавани за првпат ја одби поканата од селекторот Марсело Биелса за репрезентацијата на Уругвај, бидејќи сака да се фокусира на настапите за неговиот клуб.
Единсон Кавани досега одигра 55 натпревари за Бока, постигнувајќи 23 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal