Ренова е првиот македонски прволигаш кој стартуваше со зимските подготовки. Тренерот Ќатип Османи ги собра фудбалерите, им порача дека треба максимално сериозно да се подготват во зимскиот период ако сакаат да имаат успешна пролет.
Првиот дел од подготовките ќе биде одработен во Тетово, а потоа тимот ќе замине на подготовки во Охрид, каде ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари. Ново име во тимот е Арлинд Алити кој доаѓа како позајмен играч од Шкендија, а во сениорската екипа се унапредени талентираните млади фудбалери Ерен Мемеди и Амар Емрули. Најавите се дека во Ренова треба да пристигне и колумбиски интернационалец кој ќе го засили навалниот ред.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













