
Шкендија го победи Работнички со 1-2 во последното коло, но очигледно Ќатип Османи и фудбалерите не ги исполнија целите на клубот. Тој си поднесе оставка, веднаш по завршувањето на последното коло од шампионатот.
„Беше интересен натпревар со можности за гол од двете страни. Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб“, изјави Ќатип Османи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
