
Катарскиот шеик Јасим бин Хамад ал Тани објави дека се повлекува од процесот за купување на акциите на Манчестер Јунајтед.
Шеикот Јасим, кој е син на поранешниот премиер на земјата, речиси една година се обидува да ги стекне акциите на 20-кратниот шампион на Англија, кои се во сопственост на американското семејство Глејзер.
Според медиумите на островот, шеикот Јасим бил подготвен да плати 3,5 милијарди долари за 100 отсто од акциите на клубот, а дополнително би ги презел сите постоечки долгови и немал намера да зема нови заеми во име на „црвените ѓаволи“, бидејќи тоа го прават сега сопствениците на клубот.
Сепак, овој предлог не го задоволи семејството Глејзер, кое беше информирано за одлуката на катарскиот шеик да се повлече од договорот.
Во сегашната ситуација, доколку се продадат акциите на клубот, негов нов сопственик најверојатно ќе биде основачот на хемиската компанија Инеос, Сер Џим Редклиф, кој е најбогатиот Британец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
