Двајцата главни претенденти за купување на Манчестер Јунајтед, шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани и Сер Џим Ретклиф, ги дадоа своите последни понуди до семејството Глејзер. Според информациите на англиските медиуми, понудата на катарскиот фонд достигнала 5 милијарди фунти, а според некои извори ја надминала и оваа граница. Сепак, сè уште не се приближува до бараните 6 милијарди на Глејзер.
Шеикот Јасим, исто така, вети дека ќе ги исплати сите долгови на клубот и ќе обезбеди средства за обнова на „Олд Трафорд“ и клупската база во Карингтон, а исто така вети значителни инвестиции за зајакнување на тимот на Ерик тен Хаг.
Набргу по понудата од Катар пристигна и онаа на Сер Џим Ретклиф кој побара нешто повеќе од 50% од клубот. Според неговиот предлог, Аврам и Џоел Глејзер ќе останат како малцински косопственици и ќе поседуваат 20%.
Понуди пристигнаа и од американските финансиски гиганти „Карлајл“ и „Елиот“, кои сепак побараа да станат носители на разни малцински акции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













