Манчестер Јунајтед планира да го продаде играчот од средниот ред Кашемиро во претстојниот зимски преоден рок, пишуваат медиумите на Островот. За Бразилецот сериозен интерес покажуваат неколку водечки клубови во Саудиска Арабија. Фудбалерот нема ништо против да го напушти Манчестер Јунајтед.
Раководството на „ѓаволите“ е подготвено да се раздели со Бразилецот, кој го чинеше 80 милиони евра 20-кратниот шампион на Англија во 2022 година.
Во текот на оваа сезона, 31-годишниот Кашемиро постигна еден гол на осум натпревари во англиската Премиер – лига. Во моментот тој е повреден, а менаџерот Ерик Тен Хаг истакна дека најверојатно нема да може да заигра до Божиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













