
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кашемиро, ги негираше информациите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе го засили саудискиот Ал-Наср, за кого игра Кристијано Роналдо.
31-годишниот Бразилец пристигна во Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид, каде што играше заедно со Роналдо со години и освоија се што можеше да се освои.
„Среќен сум во Манчестер. Се е неверојатно овде. Од првиот ден бев пречекан со топло добредојде од клубот, играчите и навивачите. Задоволен сум од она што градот и клубот можат да го понудат. Ние фудбалерите треба да се погрижиме и резултатски тимот да биде многу поуспешен и тогаш се ќе биде на своето место“, изјави Кашемиро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
