Дефанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Кашемиро, жали што не е во игра за трофеи оваа сезона со својот сегашен тим.
„Ме нервира што не се борам за титули. Разликата од првото место е 20 бода. Понекогаш не можам ни да заспијам поради тоа. Тоа е реалноста. Нема смисла да размислувам за титулата или за местата во Лига на шампиони, мора да размислуваме за тековните натпревари. Имавме шанса да освоиме девет бода во последните натпревари, но освоивме само два, поради што сме сериозно вознемирени“, изјави Кашемиро за шпанскиот „АС“.
По 31 коло од англиската Премиер – лига, Манчестер Јунајтед има 49 бодови и моментно е на шестото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













