Бразилецот Кашемиро заминува од Реал Мадрид и ќе направи трансфер на Островот. Во наредните четири години ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.
Тој се збогува со соиграчите и со навивачите, истакнувајќи дека никогаш и не замислувал толку убава животна приказна. Најави дека сигирно ќе се врати на „Бернабеу“ и дека веројатно после кариерата ќе живее во Мадрид.
„Ја живеев најубавата приказна. Не можев ни да замислам таков убав животен пат за мене. Се надевам дека еден ден ќе се вратам тука бидејќи ова место секогаш ќе биде мојот дом. Ниту за илјада животи нема да можам да им вратам на Реал Мадрид и мадридистите за се што ми го подаривте. Засекогаш…Хала Мадрид!“, напиша Бразилецот на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













