
Кашемиро од Манчестер Јунајтед нема да патува со „црвените ѓаволи“ на гостувањето против Шефилд Јунајтед в сабота.
Играчот од средниот ред остана во родниот Бразил за да лекува „ситен проблем“, се вели во соопштението на англискиот клуб.
Кашемиро се повреди на натпреварот против Венецуела каде беше сменет. Тој одигра 70 минути и на вториот натпревар на Селесао против Уругвај.
Очигледно, сепак, состојбата на играчот од средниот ред не е оптимална и тој ќе го пропушти следниот натпревар на Манчестер Јунајтед. Добрата вест за менаџерот Ерик тен Хаг е што Софијан Амрабат и Серхио Регилон тренираат со „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal