
Бразилецот Кашемиро потпиша четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед и со тоа го комплетираше еден од најголемите трансфери ова лето. Дефанзивниот играч за врска пристигна од Реал Мадрид и седмично ќе заработува 413.000 евра.
Реал Мадрид од овој трансфер ќе заработи 60 милиони евра, плус десет милиони преку бонуси.
Тој сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Ерик тен Хаг, бидејќи она што го сака Манчестер Јунајтед дефинитивно не може да го направи со Фред и со Мектоминај на средината на теренот.
Кашемиро донесе голема одлука да го напушти европскиот и шпанскиот првак и од удобна зона да се пресели на „Олд Трафорд“, во Манчестер Јунајтед кој моментно е на дното во Премиер – лигата и нема да биде учесник во Лигата на шампионите оваа сезона.
We are delighted to have reached an agreement in principle for the transfer of @Casemiro 🇧🇷#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 19, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
