
Антонио Касано беше гостин на Кристијан Виери на неговиот канал Бобо ТВ на Твич. Двајцата контроверзни поранешни напаѓачи секако имаа интересни коментари.
Касано ја коментираше изјавата на менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш, дека Кристијано е најдобриот фудбалер што некогаш играл фудбал.
„Се разбира, најдоброто во историјата веднаш по Наполеон Бонапарта. Доволно е, Жорге. Роналдо не е ниту во првата петорка. Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Бразилецот Роналдо се на сосема друго ниво“, изјави Касано, а Виери рече дека на тој список ќе го замени само Кројф со Ван Бастен.
Една од темите за разговор беше Ерлинг Халанд, младиот Норвежанец кој се наметнува како еден од најдобрите голгетери во светот.
„Слушнав дека Халанд во Реал е завршена работа. Дека е 100% готово. Така ми велат, но не знам дали е вистина“, истакна Бобо Виери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
