Карлос Тевез најави заминување од Бока јуниорс, неговиот матичен клуб, кој го напушта по третпат во кариерата. Се уште не знае дали ќе замине и во пензија.
„Тоа е најтешката одлука во мојот живот“, увери тој на прес-конференција. „Не знам дали ќе се повлечам комплетно. Знам дека за три месеци ќе станам и ќе сакам да играм, но не знам дали тоа ќе биде во Бока“, дополни Тевез.
Детето на клубот ги направи своите први чекори таму во 2001 година. Со Бока јуниорс популатниот „Апачи“ петпати ја освои шампионската титула, како и трофејот во Копа Либертадорес во 2003 година. Во кариерата играше и за големи европски клубови како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













