Connect with us

Карим Бензема е избран за најдобар спортист на Франција

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е прогласен за најдобар спортист на Франција во претходната година.


Актуелниот освојувач на „Златната топка“ доби признание во неговата земја, и покрај тоа што повредата го спречи да игра на Светското првенство каде „триколорите“ повторно играа во финалето, но не успеаја да ја одбранат светската титула.

По натпреварувањето во Катар, тој и официјално соопшти дека повеќе нема да игра во репрезентативниот дрес.

Наградата ја доделува локалното Здружение на спортски новинари, врз основа на гласовите на нејзините повеќе од 3.000 членови.

Во женска конкуренција најдобра беше тенисерката Каролин Гарсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови