
Аргентинскиот интернационалец Алехандро Гарначо многу веројатно нема да се приклучи на Наполи оваа зима, па раководството на клубот од подножјето на Везув се насочи кон алтернативни решенија.
Според италијанските медиуми, едно од потенцијалните засилувања е Карим Адејеми од Борусија Дортмунд. Адејеми би можел да стане четвртиот Германец во историјата на Наполи, по Амин Јунес, Торстен Флик и Диего Деме.
Овој 23-годишен напаѓач е роден во Минхен, но има и нигериско државјанство. Пред да се приклучи на Борусија Дортмунд, настапуваше за Салцбург, од каде што пристигна во летото 2022 година за сума од 30 милиони евра.
Од почетокот на актуелната сезона, Карим Адејеми одигра 13 натпревари, постигна пет голови и забележа пет асистенции.
Адејеми би можел да биде значајно засилување за Наполи ако трансферот се реализира и треба да ја пополни празнината по заминувањето на Квича Кварацкелија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
