Connect with us

Каран: Пјуник е добар тим, лани го елиминираше Вардар

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Умит Каран, не може да биде задоволен по денешната ждрепка во која македонскиот претставник за ривал во квалификациите за Лигата на Европа го доби Пјуник. Ерменскиот тим во неколку наврати во минатото се покажуваше како сериозна пречка за македонските екипи во европските купови, последен пат ланската сезона кога го елиминираше Вардар.

„За ривал добивме екипа што често игра европски квалификации. Знам дека е тоа силен тим бидејќи лани го елиминиаше Вардар, но ние добро ќе се подготвиме. Во следниот период ќе собереме информации за нашиот противник, да дознаеме каков стил на игра негува и да се обидеме да се пласираме во следната рунда“ – изјави Каран.

Првиот натпревар меѓу двата тима е закажан за 11 јули во Ерменија, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Скопје.
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови