Connect with us

Капитенот на Реал Мадрид по 23 години си заминува од „Бернабеу“

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, соопштил на раководството на клубот и ма тренерот Карло Анчелоти дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот со „кралскиот клуб“, пренесува „Марка“.


Изданието потсетува дека пред една година дефанзивецот исто така беше на прагот да замине како слободен играч, но потоа се премисли и потпиша за уште една сезона. Овојпат, сепак, 34-годишниот ќе претпочита да го напушти клубот во кој помина 23 години, прво како младински играч, а потоа и како важен дел од првиот тим.


Сѐ уште има шанса за нова промена во неговата одлука, но засега планот е разделба. Од друга страна, интерес за искусниот дефанзивец појавуваат многу клубови, меѓу нив и Интер.


Начо има вкупно 355 настапи со 16 голови и девет асистенции за клубот, а оваа сезона забележа 36 настапи во сите натпреварувања. Шпанскиот репрезентативец со Реал Мадрид освои вкупно 24 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови