Connect with us

Капитенот на Лутон на детални прегледи по срцевиот удар

Капитенот на англискиот премиерлигаш Лутон, Том Локиер, денеска е на детални тестови во болница, откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од Премиер – лигата против Борнмут.


Локиер, на кого исто така му се слоши за време на натпревар во мај и имаше операција на срцето, одеднаш падна на тревата без дуел на мечот против Борнмут во саботата, а потоа итно беше однесен во болница.

„Додека нашиот капитен Том Локиер останува во болница по срцевиот удар што го доживеа на теренот на Борнмут, ние разбираме дека навивачите се загрижени и има голем интерес за неговата состојба. Том сè уште е на тестови и скенирања и ги чека резултатите пред да ги одредат следните чекори за неговото закрепнување“, се вели во соопштението на Лутон.

Натпреварот беше прекинат во 65. минута, при резултат 1-1.

„Сите му посакуваме сѐ најдобро на Том и неговото семејство и љубезно бараме да се почитува нивната приватност во овој тежок момент“, се додава во соопштението на клубот од Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови