Германците ја победија Саудиска Арабија со 3-2 во второто коло на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио, но веста која ја обиколи планетата е дека капитенот Макс Крузе ја побара својата партнерка за сопруга преку ТВ екраните, при директниот пренос од ЛОИ.
Крузе по мечот направи шоу пред ТВ-камерите. Тој ја запроси својата девојка Дилара, која е во Германија.
„Те сакам, ќе се омажиш за мене?“ Ова беше на маицата на Крузе, која ја носеше под дресот на репрезентацијата.
Неколку моменти подоцна, од Германија пристигна информација дека Дилара се согласила. Венчавката ќе се одржи по враќањето на Крузе од Олимписките Игри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













