Connect with us

Кансело: Јас сум тежок карактер, но играм за Баерн со срце

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жоао Кансело, сѐ уште се надева дека ќе добие постојан договор од Баварците. Тој моментално игра на „Алијанц арена“ како позајмен од Манчестер Сити, откако се скара со менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.


Португалецот е познат по својот избувлив темперамент, кој го покажа претходно во кариерата додека играше за Јувентус. Дефанзивецот се дефинира себеси како тежок лик.

„Луѓето велат дека мојот карактер не е лесен, но моето срце е секогаш на вистинското место. Секогаш можете да сметате на мене. Во Баерн сите се стремат кон апсолутен успех. Овде мора да работите напорно на секој тренинг, ми се допаѓа тоа/ Среќен сум што сум тука и играм во толку голем тим“, изјави Кансело.

Потоа од него беше побарано да сподели повеќе за неговата тешка природа.

„Тешко ми е да објаснам, но ќе се обидам. Многу сум импулсивен и во исто време сентиментален. Луѓето веројатно лесно ги читаат моите емоции бидејќи секогаш го изразувам она што го мислам. Луѓето како мене често имаат потешкотии во овој пост- динамичен и непростлив свет“, сподели дефанзивецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови