Дефанзивецот на Барселона, Жоао Кансело, застана во одбрана на тренерот Чави по серијата слаби резултати и ремито со Валенсија (1-1) на „Месталја“.
„Сите сме зад тренерот. Не слушајте што се пишува во медиумите, ви ја кажувам вистината за мене и моите соиграчи. Нашиот тренер отсекогаш бил одличен, легенда на клубот. Задоволство е да се работи со него затоа што тој секогаш се труди да го направи најдоброто за тимот“, изјави Жоао Кансело.
Португалецот е дел од каталонскиот тим од летото, но е позајмен од Манчестер Сити. Раководството сѐ уште се надева дека може да го обезбеди на перманентен трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













