Connect with us

Канаваро: Динамо има одлични играчи, моја задача е да го вратиме победничкиот дух

Италијанскиот стручњак Фабио Канаваро официјално стана тренер на Динамо Загреб, откако потпиша договор со клубот од „Максимир“. Добро расположениот Канаваро позираше пред клупскиот фотограф во престет на прозивката на тимот за зимските подготовки.

Во Загреб, Канаваро ќе работи со својот прв помошник Франческо Троизе и кондицискиот тренер Еуџенио Албарело, долгогодишни соработници од неговите претходни клубови.

„Таков е животот. Сè може да се случи многу брзо, а вие мора да бидете подготвени. Пред два месеца добив повик од Динамо, па почнав да се информирам за клубот. Ги проучував играчите и размислував како би можеле да играат подобро. Важно е да се трудат и да го дадат најдоброто од себе, а тренерот треба да ја постави играта за резултатите да бидат подобри. Имаме бројни цели, но немаме време. Сега сме сред сезона и ќе се обидеме да напредуваме за краток период. Сакам да работам со млади играчи и не се плашам од ништо. Сакам да го дадам најдоброто за овој клуб“, изјави Канаваро на претставувањето.

Динамо го отвора вториот дел од сезоната на 22 јануари со натпревар во Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон. Седум дена подоцна, на „Максимир“ ќе гостува Милан. Во моментов, Динамо е на 24-то место на табелата во Лигата на шампионите, позиција која води во плејофот ако успее да ја задржи.

Меѓутоа, пред тимот на Фабио Канаваро се поставени два исклучително тешки противници, што ќе биде сериозен предизвик за хрватскиот шампион.

Во домашното првенство, Динамо заостанува седум бодови зад Хајдук и Ријека, што дополнително го компликува натпреварувачкиот предизвик на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови