Оливер Кан, извршниот директор на Баерн Минхен, ја објасни ситуацијата околу можниот трансфер на Кристијано Роналдо на „Алијанц арена“.
„Навистина ми се допаѓа Роналдо, кој е фантастичен играч. Но, секој клуб има своја филозофија и не сум сигурен дека привлекувањето на Роналдо сега би било вистинскиот сигнал за Баерн и за целата Бундеслига. Таквиот потег не мора да се совпаѓа со нашите идеи“, изјави Кан за „Билд“.
37-годишниот напаѓач пропушти неколку тренинзи на Манчестер Јунајтед и исто така не отпатува со тимот за претсезонскиот тренинг камп во Тајланд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal