
Верона ја победи Специја со 3-1 во бараж натпреварот за останување во италијанската елита и следната сезона повторно ќе биде дел од Серија А. Двете екипи имаа идентичен број бодови по завршувањето на првенството, па затоа се играше дополнителен меч.
Давиде Фараони во петтата минута донесе водство за Верона, а израмни Ампаду само десет минути подоцна. До крајот на првиот дел, Сирил Нгонге постигна два гола и обезбеди предност од 3-1 за Верона.
Во вториот дел Мбала Н’Зола не искористи пенал за Специја во 68.минута. Претходно исклучен беше стрелецот на првиот гол за Верона, Давиде Фараони.
Калјари се враќа во елитното италијанско друштво откако го доби плеј-офот во Серија Б против Бари. На гостински терен, Калјари славеше со 0-1, откако првиот меч заврши 1-1. Стрелец на победничкиот гол беше Леонардо Паволети во 94.минута од мечот.
Pavoletti le regala la Serie A al Cagliari con un gol en el min 94!
— Marco Perillo (@marcoperillo) June 11, 2023
Victoria por 0-1 en la final del ascenso contra el Bari pic.twitter.com/14B2vXUecY

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
