Илчо Ѓорѓиоски не е веќе тренер на грчкиот второлигаш Каламата, а сега клубот и тренерот се прозиваат преку медиумите. Откако Ѓорѓиоски даде своја изјава во грчките медиуми и истакна дека Каламата не овозможила добри услови за работа и го променила првичниот договор со него, сега дојде ред и за раководството на Каламата.
Грчкиот клуб со соопштение се огласи во јавноста.
„Карактерот и однесувањето на г-динот Ѓорѓиоски и додека беше на клупата на нашиот тим, не убеди дека тој не е вистинскиот човек за оваа позиција. Уште еднаш сам ги собра новинарите за да искаже работи кои не доликуваат. Тој пред месец и половина прекина секаква комуникација со претседателот и не го информирал за случувањата во екипата и дали има некои проблеми. Кажа дека не му се допаѓале условите, тогаш зошто ја презеде екипата откако беше запознаен со сите услови?
Промената на неговиот договор е направена поради тоа што во оригиналот имаше УЕФА про лиценца со име Македонија, и грчкиот фудбалски сојуз не му ја признаваше. Самиот побара смена на тренерот на голманите, и го прифативме неговото барање. Кога беше ангажиран, преодниот рок беше завршен. Никој нема влијание во клубот, било да е новинар или навивач.
Најсмешно е тоа што вели дека играчите немаат победнички менталитет. Ни вели дека го загубил мечот со Калитеа, а поразите од Кифисија и Егалео треба да ги бараме на друго место, ама не кажа каде. Ќе мора да објасни пред надлежните органи. Каламата е семејство и има единствно меѓу претседателот и акционерите и сите работиме да го вратиме клубот каде му е местото. Во Супер-лигата со Мурињо или без него…“, стои во соопштението на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski