
Барселона доживеа шок на домашен терен откако загуби од Леганес со 0-1. Тоа е голем удар за тимот на Ханси Флик, кој сега има натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и идентичен број бодови (38) пред големото дерби во наредното коло.
Реал Мадрид има еден бод помалку, но и еден одигран натпревар помалку од Барселона.
Леганес поведе уште во четвртата минута, кога Серхио Гонзалес со удар со глава ја затресе мрежата на Ињаки Пења по корнерот од десната страна.
Барселона беше неинвентивна, но, сепак, создаде неколку шанси, кои не ги реализираа Левандовски, Рафиња, Јамал и останатите ѕвезди во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal