Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола уште две години ќе го предводи Манчестер Сити. Раководството на „граѓаните“ успеа да го убеди трофејниот тренер да остане на клупата на тимот и покрај најавите за негово заминување. Гвардиола потпиша нов договор на две сезони, а на лето ќе добие две нови ѕвезди во тимот.
Манчестер Сити е во финални преговори со дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а челниците на клубот го убедиле Гвардиола дека тој сигурно ќе пристигне по завршувањето на сезоната и ќе го засили одбранбениот бедем.
Втората желба на Гвардиола е засилување во нападот, а Манчестер Сити ветил дека ќе го доведе напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Тој е голема желба и на Барселона, но каталонскиот гигант во моментот има големи финансиски проблеми и не може да си дозволи да плати преку 100 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













