Connect with us

Како пропаднала Суперлигата: Лапорта се поднапил и му кажал на Тебас…

Суперлигата, планот на дванаесетте големи клубови да се одвојат во свое елитно натпреварување пропадна уште на самиот старт. Најголем виновник за тоа се чини дека е Хоан Лапорта, претседателот на Барселона, открива „Њујорк Тајмс, точно наведувајќи како се случувале настаните во претходните неколку екстремно бурни денови.


Целата приказна експлодирала кога претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, во „загреана“ атмосфера, на прославата откако победил на клупските избори, му кажал на Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига, дека клубот брзо ќе ја напушти лигата и дека ќе игра во Европска Суперлига.


Прославата одеднаш добила наелектризирана атмосфера, Тебас веднаш му ја соопшил информацијата на Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, информирајќи го што се случува зад сцената. Тоа беше клучно, наместо Суперлигата да ја фати Европската куќа на фудбалот „на спиење“ и да ја стави пред свршен чин, на челниците на УЕФА им беше дадено време да подготват стратегија, да обезбедат моќни сојузници и да реагираат на веста за отцепување на 12 клуба.


Веднаш по информацијата од Тебас, Чеферин го побарал својот кум Андреа Ањели (ја крстел ќерка му), претседател на Јувентус, кој тогаш беше првиот човек на Здружението на европски клубови (ЕКА). Ањели не одговарал на повиците, а Чеферин му испратил порака во која му објаснил што дознал и побарал одговори. Италијанецот одговорил само со СМС-порака дека нема причина за грижи, дека тоа се само гласини. Словенецот по тој повод го замолил да издадат заедничко соопштение, а Ањели му порачал да се слушнат за половина час. И оттогаш – никогаш повеќе не му се јавил!


Во текот на наредните три дена, Александар Чеферин ги контактирал челниците на сите 12 клуба кои сакаа да се отцепат и сфатил дека сите не се подеднакво заплеткани во приказната. На пример, Манчестер Сити, Челси и Атлетико добиче само известување дека Суперлигата се формира и дека имаат еден ден да одлучат дали сакаат да учествуваат во неа. Баерн Минхен и Пари Сен Жермен одбиле уште на стартот.

Чеферин ги информирал Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, но и британската влада. Се чини дека во Лондон сфатија дека Манчестер Сити е најслабата алка таму, па клубот од „Итихад“ прв се повлече кога дојде заканата пристигна од канцеларијата на премиерот Борис Џонсон. И тогаш сите други англиски клубови паднаа како домино. Сите, освен Реал и Барса, кои имале големи повластувања во однос на другите клубови од Суперлигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови