
Пишува: Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Косово утре ќе допатува во Скопје во пресрет на историскиот плејоф натпревар против Македонија од Лигата на нации, кој е закажан за в четврток, со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“. Ќе бидат десеткувани и гостите, без дел од најдобрите фудбалери, селекторот Бернард Шаландес многу веројатно ќе ги нема на располагање Ведат Муричи и Амир Рахмани, а сигурно и Милот Рашица.
Ситре се прашуваат во каков состав селекцијата на Косово ќе истрча на теренот во Скопје. Се уште тоа не го знае ниту селекторот Шаландес, но се наѕираат контурите…
На голот треба да биде Аријанет Мурич, кој е нов член на Гранада. Стоперскиот тандем треба да го сочинуваат Ибрахим Дрешевиќ (Херенвен) и Фидан Алити, кој ова лето го засили Цирих. На десната бековска позиција стадарден е играчот на Торино, Мергим Војвода, а од спротивната лева страна ќе делува Бенјамин Кололи, фудбалер на швајцарскиот Цирих.
Двојката дефанзивни играчи за врска ќе ја сочинуваат Валон Бериша (Реимс) и Флоријан Лошај (Краковија), а пред нив ќе делува Берсант Целина (Дижон). На крилните позиции треба да настапат Едон Жегрова (Базел) и Арбен Зенели (Реимс).
Најголемата дилема на косовскиот селектор е кој да биде најистурен во нападот доколку го нема на располагање Ведат Муричи. Една опција е Лирим Кастрати (Локомотива Загреб), но и Елба Рашани (Одд Гренланд) или Адте Нухиу (АПОЕЛ).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
