Италијанскиот првак Јувентус не успеа да оствари важен триумф на „Олимпико“ против Лацио, откако прими гол за ирзамнување во судиското продолжение (1-1). Фелипе Каиседо го спаси Лацио од пораз и тоа во 95.минута од пресметката.
Стрелец на водечкиот гол беше Кристијано Роналдо во 15.минута. Тој реализираше по асистенцијата на Хуан Квадрадо, а потегот не се покажа како доволен за освојување на значајни три бода за „старата дама“ пред репрезентативната пауза.
Лаицо долго немаше одговор без најдобриот стрелец Чиро Имобиле, кој заедно со голманот Стракоша и Лукаш Леива мораа да заминат во карантин по интервенција на полициските органи. Сепак, Фелипе Каиседо смогна сили буквално во последниот напад да постигне погодок за израмнување.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski